Касами ја претстави изборната понуда пред жителите на Дреновец

Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами престојуваше во предградието на градот Тетово, Дреновец, каде пред присутните ја откри својата понуда за управување со општината во следните четири години.

Меѓу другото, тој рече дека нема да отстрани ниту еден работник од општината и од јавните претпријатија што гравитираат во Општина Тетово, туку напротив, има блиски соработници меѓу нив.

„Во постојани консултации сме со многу вработени во Општина Тетово, во претпријатијата на Општина Тетово, со кои веќе контактираме и веќе имаме близки соработници“, рече Касами.

Касами откри и делови од својата програма за управување, каде што уште еднаш нагласи дека веќе е подготвен да ги реши примарните проблеми на граѓаните на Тетово, како што се вода за пиење, канализација, отпад итн.

„Веќе излеговме со конкретен план за тоа како ќе го решиме прашањето за вода за пиење 24 часа, како ќе го решиме прашањето за канализација, како ќе го решиме прашањето за отпадот, уште еднаш и сега од Дреновец гарантирам дека јас заедно со моите соработници веќе имаме решенија за сите овие проблеми со кои се соочува Тетово“, рече Касами.

Тој додаде дека сега е време да застанеме и да се потсетиме малку на нашиот град бидејќи со овие проблеми со кои се соочуваме не се ниту етнички и ниту партиски, туку се едноставно витални прашања за човекот.

„Ова веќе не е партиско прашање, ова не е веќе етничко прашање, не е прашање на поделбите што ги имаме ова е прашање за иднината на Тетово “, рече Касами.

БЕСА