Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » КАТАКЛИЗМИЧКИ СЦЕНИ: Страшни поплави во Бразил, загинаа најмалку 147 луѓе
Во Фокусот

КАТАКЛИЗМИЧКИ СЦЕНИ: Страшни поплави во Бразил, загинаа најмалку 147 луѓе

мај 14, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, призна дека неговата земја „не била подготвена“ за историските поплави што го погодија нејзиниот југ и предизвикаа трагедија која зад себе остави 147 мртви и продолжува поради обилните дождови.

Тој најави дека утре ќе отпатува во сојузната држава Рио Гранде до Сул, трет пат од почетокот на незапамтените временски непогоди пред две недели.

„Ова е катастрофа од размери за кои не бевме подготвени“, рече Лула за време на состанокот со министерот за финансии, Фернандо Хадад, и други официјални претставници, на кој преку линковска врска присуствуваше и гувернерот на државата, Едуардо Леите.

Според најновите податоци што во понеделникот ги објави Цивилната одбрана, загинале 147 лица, 806 се повредени, а 127 се водат како исчезнати. Повеќе од 600.000 мораа да ги напуштат своите домови, вклучително и повеќе од 77.000 сместени во училишта и спортски сали претворени во засолништа.

Во областа Хармониа во градот Каноас, предградие на регионалниот главен град Порто Алегре, жителите се вратија во своите домови за да го проценат степенот на штетата и да го спасат она што сè уште може да се спаси.

„Во октомври имаше поплава, а сега изгубив сè“, изјави Алседир Алвес, 58-годишен ѕидар, за новинската агенција АФП.

Обилните дождови, кои експертите ги поврзуваат со глобалното затоплување и природниот временски феномен Ел Нињо, погодија повеќе од два милиони луѓе.

Меѓу нив има најмалку 80 домородни заедници, според Домородниот мисионерски совет на Бразил.

Во понеделникот, владата соопшти дека доставила пакети со храна и вода за пиење на 240 семејства во три такви заедници во долината Таквари.

Ситуацијата дополнително ќе се искомплицира со доаѓањето на студениот бран кој ќе предизвика пад на температурите, предупреди метеоролошката агенција МетСул.

Во Порто Алегре, модерна метропола со 1,4 милиони жители, властите треба да спроведат опсежна операција за дистрибуција на помош (вода, лекови, облека) од целата земја, но и од странство.

Најтешко погодените семејства ќе добијат 2.000 реали (околу 360 евра) за да го започнат својот „живот од почеток“.

За да помогне во обновата, Лула предложи да се запре плаќање на долг кон сојузната држава Рио Гранде до Сул на три години, долг за кој гувернерот рече дека станал „неподнослив“. Таа мерка, сепак, ќе треба да ја одобри парламентот.

Поплавите во Бразил имаат влијание и надвор од неговите граници.

Во соседна Аргентина, околу 600 луѓе се евакуирани од североисточната покраина Ентре Риос поради поплави на реката Уругвај, соопштија властите.

Во градот Конкордиа, градоначалникот Франциско Азкуе предупреди дека денеска се очекува да биде достигнат врвот и ги повика жителите да бидат „смирени“.

„Очигледно е дека ќе евакуираме уште луѓе“, призна тој на локалното радио.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Нелсон Алмеида / АФП)

актуелно Бразил Поплава штета
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.