Катар 2022: Австралија ја почувствува моќта на шампионите

LinkSense.mk

Репрезентативците на Франција вчера со „ореол“ на силен фаворит влегоа во натпреварот од првото коло од групата Д на Мундијалот, каде што ги чекаше „гладната“ репрезентација од Австралија.На крајот „триколорите“ со 4:1 ги совладаа ривалите и триумфално тргнаа во одбрана на светскиот трон.

Актуелниот шампион на светот десеткуван од повреди влезе во мечот против тоталниот аутсајдер и веќе после воведните 15 минути се чинеше дека ќе се повтори сензацијата која беше видена на мечот меѓу Саудиска Арабија и Аргентина.

Се играше 9. минута кога на стадионот „Ал Џануб“ настана делириум.

„Кенгурите“ повлекоа контра по десната страна, по што следеше шок.

Во полн трк Крејг Гудвин ја зафати нафрлената топка и погоди во самиот горен агол од голот на Уго Љорис.

Се чинеше дека соништата на Австралијанците за да можат да направат чудо, и да му го земат „скалпот“ на првакот на светот, ќе станат реалност.

За маката да биде уште поголема, на сите проблеми со повредите се додаде и повредата на стартниот лев бек Дидије Дешан.

Фудбалерот на Баерн од Минхен мораше да го напушти теренот, а интересно е што на негово место влезе неговиот брат – Тео Ернандез.

И токму тој беше креатот на погодокот за својот тим и најави голем пресврт.

Се играше 26. Минута, Ернандез упати идеален центаршут на кој наиде Адриен Рабио и со глава ја упати топката во мрежата.

Веќе во 32 минута, Рабио во улога на асистент, а Оливие Жиру стрелец. Мбапе пројде по левата страна, му ја положи топката на Рабио, а овој несебично го пронајде напаѓачот на Милан, на кој не му беше тешко да постигне гол.

Искусниот голгетер на тој начин го престигна легендарниот Зинедин Зидан, и стана најстариот стрелец во историјата на „триколорите“.

Австралија во продолжение се обиде да му парира на ривалот и успеа во одредени моменти во таа намера, но потоа на сцена стапи Килијан Мбапе.

Прво во 68. минута погоди со глава по центаршутот на Дембеле, а три минути подоцна му асистираше на Жиру, со што целосно го скрши отпорот на амбициозниот ривал.

Разликата во квалитетот беше непремостлива пречка, а Килијан Мбапе вчера танцуваше по тревнатата површина. Ги држеше сите конци од играта на својот тим, со својата продорност и агилност ја ставаше противничката одбрана на маки.

Се чинеше дека можеше да постигне пет погодоци, но му недостигаше малку подобра концентрација во завршницата.

На крајот резултатот беше 4:1, а моќната Франција триумфално тргна во одбрана на тронот.

 

ФРАНЦИЈА – АВСТРАЛИЈА 4:1

Стадион: „Ал Џануб“

Гледачи: 40.000

Судии: В. Гомес (Јужна Африка)

Состави:

Франција: Љорис (К), Павар, Л. Хернандез, Упамекано, Конате, Чуамени, Гризман, Рабио, Жиру, Дембеле, Мбапе

Австралија: Рајан (К), Аткинсон, Ровлс, Сутар, Бехих, Мој, Мекгре, Ирвин, Гудвин, Леки, Џук

 

 

 

 

(Фото: АП)