Кај Матка убиено седумнаесетгодишно момче

Седумнаесетгодишниот Х.И. денеска го загуби животот по повреди здобиени во тепачка.

Инцидентот се случил околу 15 часот на влезот од селото Матка.

Истрагата која треба да утврди кој го извршил убиството на Х.И. е во тек.

Заради наводна вмешаност во настанот приведено е седумнаесетгодишно момче.

Според информациите од МВР, на инцидентот му претходела расправија помеѓу загинатиот Х.И. и неговиот врсник Е.А., осомничен за убиството.

Момчињата се степале меѓу себе, а Е.А., информираат од полицијата, извадил нож и го прободел Х.И. во градите.