Квалитетна и безбедна водата за пиење во Скопје

„Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна и микробилошки исправна.

Од ЈП Водовод и канализација информираат дека се анализирани 183 примероци за физичка-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење од 39 мерни места во Скопје.

Испитувањето е спроведено во период од 28 октомври до 1 ноември, а добиените резултати одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење.

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА