Кејт Мидлтон во златен фустан на премиерата на „No time to die“

Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон остави силен впечаток синоќа на британската премиера на филмот за агентот Џејмс Бонд, „Не е време за умирање“ (No Time to Die), во Лондон.

Кејт на црвениот тепих во „Ројал Алберт хол“ пристигна во златен фустан – креација на Џени Пекам, украсен со светки и монистра. Елегантниот стајлинг бил надополнет со златни обетки.

На црвениот тепих беа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и принцот Чарлс и Камила, војвотката од Корнвол.

Филмот „Не е време за умирање“ ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на Ковид-19. Британскиот глумец Даниел Крејг по петти, последен пат го глуми тајниот агент „007“.