Ким Џонг Ун не мирува

LinkSense.mk

Северна Кореја истрела можна интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), објавија армиите на Јужна Кореја и Јапонија, што е прво такво лансирање во целиот опсег на најголемите ракети од 2017 година.

Јужнокорејскиот началник на здружените сили изјави дека е откриено лансирање на „неидентификувана ракета“ од Северна Кореја. Тој рече дека се смета оти се работи за проектил со долг дострел, можеби интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), извести агенцијата Јонхап.

Јужна Кореја заради најновото лансирање свика состанок на Советот за национална безбедност во врска со Северна Кореја.

Јужнокорејското Министерство за одбрана не можеше веднаш да потврди дали се работи за далекудометен проектил. Северна Кореја не тестирала вакви ракети од 2017 година.

 

 

 

 

(Фото: АФП)