Кина бесна на НАТО: „Откажете се од идеолошките предрасуди!“

LinkSense.mk

Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во Европската унија.

Во него се оценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да ги проширува опсегот на операции, блоковската политика и конфронтациите и се нагласува дека тоа воопшто не придонесува за безбедноста и стабилноста во светот.

Пекинг, исто така, смета дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.

Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, и историите и културите на другите земји се нагласува во соопштението.

Претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, на состанокот во Пекинг на 4 февруари, потпишаа заедничка изјава во која се изразува противење за натамошното проширување на НАТО.