Кинеска летечка кола се вивна над Дубаи

LinkSense.mk

Летечкиот автомобил која го направи кинеската фабрика за електрични возила „Икспенг“ (Xpeng Inc.)го изведе својот прв јавен лет во Обединетите Арапски Емирати, како дел од програмата на компанијата за лансирање на својот производ на меѓународните пазари.

X2 е летало со две седишта и со вертикално полетување и слетување (eVTOL што е кратенка за „vertical take-off and landing“) кое се крева со осум пропелери – по два на секој агол од возилото.

„Одиме чекор по чекор кон меѓународниот пазар“, изјави Мингуан Киу, генерален менаџер за производство на летечката кола.

„За првиот лет го избравме градот Дубаи бидејќи Дубаи е најиновативниот град во светот“, објасни тој.