Бруталните методи на легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, кои ги применувал за да го зацврсти Кристијано Роналдо, ги открива Тони Котон, кој од 1998 до 2007 година беше тренер на голманите во Манчестер.
Тој во 2003 на шефот Фергусон му рекол дека театралното паѓање на Роналдо при секој малку поцврст старт, ќе го забави развојот на талентираниот и штотуку купен осумнаесетгодишник.
Фергусон се сложил со сугестијата и одлучил од размазеното момче да направи силен маж.
Котон истакнува: „Начинот на којшто Фергусон тоа одлучи да го направи нема врска со садизам, туку со тоа да не дозволи играчот кој го купи за 12 милиони фунти, и така го направи најскап тинејџер во историјата на англискиот фудбал, не биде физички угнетуван на натпреварите. Впрочем, колку го ценеше Роналдо, доволно зборува тоа на тоа момче му го даде дресот со број 7, кој во Јунајтед има митско значение“.
Но, соработникот на Сер Алекс додава: „Како што е големината на тренерот во тоа што препозна потенцијал и квалитет, еднакво е важно и да ги детектира маните и недостатоците на играчот. А на ова дете тоа беше што секогаш кога ќе загубеше дуел, се фрлаче на земја како издишана кукла“.
Затоа Фергусон „им нареди на сите тренери да се прават дека не гледаат кога соиграчите ќе го фаулираат Роналдо на тренинзите и натпреварите на намален терен. Морате да знаете дека ваквите ’средби’ се мошне жестоки и по тоа воопшто не се разликуваат од службените. Кутар Роналдо не знаеше што го снајде додека соиграчите со кои малку пред тоа се шегуваше во соблекувалната, сега го удираа со сета сила“.
Роналдо на тоа реагирал еднакво како и денес: „Мафташе со раце, театрално седнуваше на теренот и пцуеше на португалски, додека играта продолжуваше без оглед на неговото квичење“.
Тука настапувале искусните соиграчи: „Рој Кин и Рио Фердинанд тогаш му се внесуваа во лице и му се дереа дека е мек и слабич“.
Котон е уверен дека ваквиот пристап којшто е применет во воената обука е заслужен за тоа што Роналдо стана играч каков што е денес: „Полека но сигурно, стана свесен зошто Фергусон го прави тоа и токму тоа му донесе само добро“.
https://www.youtube.com/watch?v=Tq9vYMo-X8Y&feature=youtu.be







