Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Коалицијата на власт заеднички во трката за претседател, името на кандидатот утре
Македонија

Коалицијата на власт заеднички во трката за претседател, името на кандидатот утре

февруари 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ и ДУИ на претседателските избори во април ќе излезат со заеднички кандидат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера по средбата со Заев рече дека ваквиот договор во иднина треба да биде стандард во нашата земја кој ќе биде корисен за граѓаните и
за државата.

Името на кандидатот се очекува да биде соопштено в петок.

„Направивме суштинска анализа, имајќи предвид дека треба да воспоставиме еден стандард во нашата земја, иако обиди за тоа имаше и порано но беа неуспешни. За да дадеме една здрава порака кон нашите граѓани дека имаме доволно зрели политички партии но и општество за да донесат заеднички одлуки за претседател на државата.Се договоривме на овие избори да излеземе со заеднички кандидат. Ова да стане стандард и во иднина кој ќе биде еден од корисните нови стандарди за граѓаните и државата“, нагласи Ахмети.

Претседателот на ДУИ рече во наредните денови ќе има состаноци и со другите политички партии за да се здружат со, како што рече, оваа инцијатива за заеднички кандидат.

СДСМ за недела најави Конгрес на кој ќе биде промовиран кандидатот за претседател на Република Северна Македонија.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев пред првиот координативен состанок на партијата во вторникот вечерта на кој ги разгледувале извештаите од општинските организации и
пристигнатите самокандидирањата, рече дека во тек е постапката за селектирање избор на заеднички кандидат.

„Ќе имаме и доста телефонски контакти и други видови на разговори со нашите секретари кои се во комуникaција со органите на политички партии со кои разговараме за да видиме дали има евентуално исчекор или можност да се дојде до заеднички кандидат. Информациите ми се позитивни, не сме многу далеку. Верувам дека имињата ќе бидат конечната причина за изнаоѓање на заеднички кандидат“, рече Заев.

Коментирајќи го договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за заеднички претседателски кандидат, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во интервју на 1тв рече дека е убеден оти тој е „најмалку консензуален кандидат“.

„Тој кандидат е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на  претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска“, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати за претседател на државата заврши на 19 февруари.

Единствено за кој е познато дека има поднесено кандидатура за претседател од СДСМ е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

Шестите претседателски избори беа распишани од претседателот на Собранието, Талат Џафери на 8 февруари.

Првиот изборен круг е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 ма

актуелно дуи Заев консензуален претседател сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.