Ковачевски во Прилеп во обиколка на две училишта во фаза на реконструкција

LinkSense.mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Прилеп ќе го посети Општинското основно училиште „Кире Гавриловски – Јане“ каде ќе изврши увид во реконструкцијата на училиштето, а потоа во новоотворената сала ќе го проследи подготвителниот натпревар за регионалниот турнир во одбојка.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски потоа ќе изврши увид во реконструкцијата на Средното општинско училиште „Мирче Ацев“, после која обиколка се предвидени изјави за медиумите.