Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ковачевски и Петков најавуваат нова страница во односите
Македонија

Ковачевски и Петков најавуваат нова страница во односите

јануари 10, 2022Updated:јануари 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Отворање нова страница во односите со Бугарија и изградба на искрено пријателство и подобра иднина за двете земји, очекува мандатарот за состав на новата влада Димитар Ковачевски од средбата со бугарски премиер Кирил Петков, кој на 18 јануари доаѓа во посета на Македонија.

Ковачевски во интервју за МИА вели дека очекува со Петков да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини.
„Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси“, истакна Ковачевски.
Нагласува дека двете земји имаат огромен потенцијал за развивање на конкретна соработка во повеќе области: економија, инфраструктура, туризам, образование и култура, помош во европските интеграции и зближување на нашите народи и граѓани.
Ковачевски вели дека во целиот тој процес не би отстапил од правото на самоопределување и посебниот идентитет и јазик, што е неотуѓиво право на секој народ.
„Затоа во преговорите не можеме да правиме отстапки околу тоа дека сме Македонци од Македонија кои зборуваат македонски јазик и имаат посебен идентитет. Тоа е отсликано и во Декларацијата, која ја усвои нашето Собрание со поддршка од сите партии“, вели Ковачевски.
И бугарскиот премиер Кирил Петков очекува неговата посета на Скопје да означи нов почеток во развојот на односите меѓу Бугарија и Македонија и да се утврдат следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања.
„Треба да го промениме нашето разбирање за тоа што значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Ајде да зборуваме за сите придобивки што ќе ги имаме ние и Република Северна Македонија од овој процес“, вели Петков во пресрет на посетата на Скопје.
Според македонското Министерство за надворешни работи, посетата е планирано да се реализира веднаш по стапувањето на функција на новата македонска влада.
„Со тоа, двете држави сведочат за важноста која ја придаваат на меѓусебните односи и соработка. На средбите се очекува да се реафирмираат досегашните резултати и постигнат напредок, како и да се воспостави дополнителна интензивна комуникација во насока на надминување на разликите за важни билатерални прашања меѓу двете земји“, наведуваат од МНР.
Во фокусот на разговорите, велат, ќе бидат доследната имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан меѓу двете земји во август 2017 година, како и продолжувањето на напорите за исчекор во обидите да се обезбеди поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија.
И Франција, како актулен претседавач со Европската унија, се надева дека со добра волја и преку разговори може да се дојде до решение за спорните прашања и да се деблокира евоинтеграцијата на Македонија.

„Со разбирање и слушање, работите може да се средат“, изјави викендов француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, и најави можност Париз да посредува меѓу Софија и Скопје.

За Франција, посочи Робин, прашањето за проширувањето на Унијата со Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели, ќе може да се реши спорот меѓу двете земји и ќе се потврди европската определба на Париз.

Со отворени писмо до премиерите на двете земји во кое повикуваат на надминување на недоразбирањата, се огласија неколку граѓански здруженија од Бугарија и Македонија, и Бугарско-македонска стопанска комора. Ја поздравуваат желбата на Петков и Ковачевски за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати.
Тие ги поздравуваат конструктивните потези на новата бугарска влада и лично на премиерот Кирил Петков и се надеваат дека и Димитар Ковачевски и новата влада во Македонија, доколку бидат избрани, ќе направат исти такви коректни и точни потези.
Според авторите на писмото, барањата на Петков за проширување на односите меѓу Софија и Скопје, со заеднички работни групи во различни области, се можност да се потпрат на Договорот за добрососедство, кој, се наведува, треба да биде основата за односите меѓу двете земји. Ова, исто така, се додава, ќе и овозможи на Бугарија да ја врати својата корисна улога во пристапувањето на Македонија во Европската Унија, како и да ги поттикне аспирациите на другите земји од Западен Балкан за членство во ЕУ.
актуелно ковачевски одмноси петков скопје Софија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.