Ковидот усмрти 600.000 Американци

Во Соединетите Американски Држави починаа повеќе од 600.000 луѓе заболени со корона вирус, покажуваат денешните статистики што ги објави Ројтерс.

Тоа е околу 15 отсто од починатите во светот од ковид-19, затоа што проценката на британската новинска агенција е дека вкупно умреле четири милиони луѓе.

Бројот на тешки и смртни случаи падна драстично со големата стапка на вакцинација во САД.

Сајтот „Ворлдометерс“ („Worldometers“) денеска објави информација дека во САД од корона официјално заболеле 34 милиони луѓе.