Ковид-19: Во светот досега над 130 милиони потврдени случаи на коронавирус

LinkSense.mk

„Во изминатиот ден, во светот беа регистрирани повеќе од 510.000 нови потврдени случаи на инфекција со коронавирусот, а вкупниот број на такви случаи надмина 131,434 милиони“, објави Светската здравствена организација.

Бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус е зголемен за над 510.360 во изминатите 24 часа, и сега изнесува вкупно 131,920,434.

Бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се зголеми за 10.173–вкупно досега 2.842.135.

Во Северна и Јужна Америка се повеќе од 34 проценти од дневниот број на нови случаи на Ковид-19 (177.098 случаи). Следат Европа (169.858 случаи) и Југоисточна Азија (103.810).

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени од САД (30.304.462), Бразил (12.910.082), Индија (12.485.509), Франција (4.665.709), Русија (4.580.894) и Велика Британија (4.357.095), Италија (3.650.247), Турција (3.445.052), Шпанија (3.291.394), Германија (2.885.386), Полска (2.438.542) и Колумбија (2.428.048).