Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, и премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, присуствуваа на натпреварот на нивните фудбалски репрезентации на стадионот „Фишт“ во Сочи.
Медведев претходно и посака успех на руската репрезентација во средбата од четвртфиналето од Светското првенство против Хрватска, а на претседателката Грабар Китаровиќ пријатен престој во Русија.
Повеќе од интересно беше во ложата на стадионот во Сочи, каде Медведев и Колинда повеќе пати еден на друг си честитаа на успешните потези на нивните репрезентации.
После погодокот на Вида во продолжетокот хрватската претседателка скокна од столицата и заигра.
Таа бурно го прослави триумфот над Русија, иако беше во ложата покрај рускиот премиер, но и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.
Медведев разочаран го напушти стадионот.










