Колку долго ќе трае дејството на вакцините против коронавирусот?

Дојче Веле, Бон

Вестите звучат оптимистички: кандидатите за вакцини од Moderna и BioNTech / Pfizer, наводно, нудат 90% заштита од ковид-19, а вакцината од британско-шведскиот фармацевтски концерн AstraZeneca најмалку 70%.

Сите надежи се дека вакцините ќе го спречат ширењето на коронавирусот во догледно време и ќе ја запрат пандемијата.

Но, колку долго човечкото тело ја задржува заштитата од вирусот?

Сè уште не може да има долгорочни студии, така што нема одговор на тоа прашање бидејќи претходните студии траат неколку месеци. Неодамна објавената студија на Калифорнискиот институт за имунологија Ла Јола истражувала заразени лица. Според неа, најмалку пет месеци по појавата на симптомите, постоењето и на антитела и на таканаречените Т-клетки – двете главни оружја на одбранбениот систем на човечкото тело – може да се докаже, дури и во случај на благи симптоми. Студијата е објавена во таканаречената форма на печатење, па сè уште не поминала верификација на независни експерти, пишува Дојче веле.

Томас Џејкобс од Институтот за тропска медицина Бернхард Нохт во Хамбург смета дека ова е охрабрувачки, имајќи предвид дека нашиот одбранбен систем има неколку различни начини на дејствување. Тој издвојува особено две работи: во оваа студија, постои таканаречен стерилен имунитет кој зависи од голем број неутрализирачки антитела. Ако телото има многу такви антитела, тие го уништуваат вирусот пред да навлезе во клетките. Соодветните вакцини може дури и да предизвикаат подобар одговор на антителата отколку природна инфекција. Сè додека има доволно антитела, може да се започне од робустен, ако не и стерилен имунитет, вели Џејкобс.

Покрај тоа, неколку месеци може да се забележи постоење на Т-клетки, лимфоцити одговорни за клеточниот имунитет. Врз основа на ова, може да се очекува намалување на симптомите на ковид-19, објаснува Џејкобс. Таквиот клинички имунитет гарантира дека, на пример, пациентите доживуваат само благи симптоми слични на настинка. Но, засега не може да се започне од постојан стерилен имунитет предизвикан од вакцината. Како и да е, резултатите од оваа прелиминарна студија обезбедуваат охрабрувачки очекувања за имунитетот предизвикан од вакцини, смета Џејкобс.

Друга студија неодамна објави дека постоењето на Т-клетки може да се докаже шест месеци по инфекцијата со вирусот Сарс-КоВ-2. „Ова е ветувачка вест: ако природната вирусна инфекција може да предизвика силен одговор преку Т-клетки, тоа може да значи дека вакцината може да го постигне истото“, вели Фиона Ват, претседател на Британскиот медицински истражувачки совет, во написот објавен во BMJ.

Карстен Вотцл, имунолог од институтот Лајбниц за истражување на работата при Техничкиот универзитет во Дортмунд, истакнува дека кај другите коронавируси кои предизвикуваат настинка, едно лице е заштитено од новата болест во просек до една и пол година. Но, природната инфекција не може да се спореди со вакцинацијата, бидејќи одговорот на имунитетот по вакцинирањето е многу поефикасен, вели Вацл, кој е и генерален секретар на германското друштво за имунологија. „Се надеваме дека имунитетот предизвикан од вакцините трае многу подолго“, вели тој.

Дали постоењето на антитела или Т-клетки или мешавина од двете е важно за имунитетот сè уште не е можно, вели Вацл. Имунологот Џејкобс додава: „Стерилниот имунитет веројатно зависи првенствено од голем број неутрализирачки антитела, додека сериозноста на развојот на инфекцијата зависи од Т-клетките, така што во овој контекст не можеме да кажеме дека е нешто поважно“, смета Џејкобс.

Со оглед на ранливите ризични групи, како што се луѓето во старечките домови, поважно е да се има вакцина што ќе создаде стерилна имунолошка заштита за негувателките кои интензивно работат со ризични групи, вели Џејкобс. Веројатно ќе треба почесто да се вакцинираат. „За широки делови од популацијата, клиничкиот имунитет веројатно би бил доволен“.

Покрај тоа, сè уште не е јасно дали вакцината ќе заштити од пренесување на вирусот на други. „Во случај да има силен одговор на антитела, веројатноста за пренесување на вирусот е многу мала“, вели Џејкобс. Но, со клинички имунитет, сè уште може да постои ризик од пренесување на вирусот на други – треба да се спроведат понатамошни студии.

Сè на сè, вели имунологот Вацл, вакцината прво би се погрижила за смирување на ситуацијата. „Дури и ако заштитата трае само две години, луѓето би можеле повторно да се вакцинираат“, вели тој. Вирусот Сарс-КоВ-2 ќе биде друга причина за болеста против која мора редовно да се вакцинира. „Но, веќе нема да имаме пандемија“, нагалсува Вацл.

 

ИЗВОР: МИА