Комбе со мигранти удрило во рампата на наплатната кај Миладиновци

Товарно моторно возило Ивеко во кое имало мигранти, изутрината удрило во рапма, а потоа во бетонска жардињера на наплатната станица кај Миладиновци во близина на Скопје.

Како што соопштија од МВР за МИА, во 8:20 часот утрово во СВР Скопје било проијавено дека ТМВ Ивеко со скопски регистарски таблички удрило во рампата и потоа во бетонска жардињера на наплатната станица Миладиновци.

Возачот го напуштил местото на настанот, а во визолото била пронајдена група мигранти, информираат од МВР.