Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Комерморативна седница за Билјана Беличанец
Скопје

Комерморативна седница за Билјана Беличанец

април 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Домот на културата во Општина Кисела Вода се одржа комеморација по повод трагичната смрт на поранешната градоначалничка на Општината, Билјана Беличанец.

„Со тага и неверување ја примив веста за смртта на мојата претходничка, поранешната градоначалничка на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец. Нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше само 45 години, зрачеше со елан, и од неа се очекуваше уште многу. Кога зборувам за Билјана Беличанец, зборувам за маркантна и уникатна личност, со која иако  доаѓаме од различна политичка провиненција, секогаш сме имале коректен однос полн со заемна почит. Кога зборувам за неа, мислам на професионалец, мислам на градоначалник – визионер, со визија за урбана и модерна општина Кисела Вода, општина центар на културните збиднувања, мислам на актерка која често со задоволство сум одел да ја гледам во театарот.  И не случајно ја избравме оваа локација за нејзината комеморација. Таа го сакаше театарот, таа ја сакаше Кисела Вода.  Прерано беше за збогување, г-ѓа Беличанец! Од мене, бескрајна почит и вечна слава!, кажа во своето обраќање градоначалникот Филип Темелковски.

За ликот и делото на Билјана Беличанец говореа и нејзините колеги актерите  Дејан Лилиќ и Весна Петрушевска.

„Биле за тебе никогаш повеќе во животот нема да зборуваме во минато за тебе секогаш ќе зборуваме во сегашност затоа што ти ќе бидеш секогаш овде и овде кај нас. Билјана,  ние немаме друга Билјана Беличанец ти си една и единствена и таква и ќе останеш забележана во меморијата на сите нас затоа што си голем човек, чесен човек, искрен работник кој не бара ни пари, ни слава, ни награди, туку сака да го работи тоа што го работи. Четири години беше во оваа општина и знам дека многу направи за неа знам дека направи многу за македонскиот театар и затоа никогаш нема да те заборавиме и младите генерации ќе учат од тебе како е да се биде вистински професионалец на сцена, рече Дејан Лилиќ.

Петрушевска посочи дека ќе ја памети како ведра, видра, многу вредна, која многу сакаше да учи, да пее, да зборува ноќе на телефон. –  Зборовите денеска ќе поминат ние ќе го изразиме нашето сочуство, но има една работа која што треба сите да ја запаметиме колку почесто ја спомнуваме толку повеќе ќе живее Билјана во овој свет. Билјана беше храбар човек, Билјана беше достоинствен човек, Билјана беше човек. Бог да ја прости вечна и слава и да го негуваме споменот за неа, истакна Петрушевска.

Поранешниот претседател на Советот на Општина Кисела Вода Трајче Донев потсети дека токму ова место каде се одржува комеморацијата е дело на Беличанец, нејзино творештво кое го изгради и поткрена, како и безброј други дела кои, како што рече, успеа да ги реализира затоа што беше голем борец, искрен пријател, добар соработник, најголем другар.

На комеморацијата беа прочитани и телеграмите со сочувство од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот и Зоран Заев.

Билјана Беличанец беше позната македонска актерка и градоначалник на Општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

билјана беличанец комеморативна седница
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.