Комисијата за заразни болести денеска ќе решава за можни нови рестриктивни мерки

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој може ќе се разговара за нови евентуални рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата.

-Закажан е состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до владата или не, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Откако ќе заврши состанокот, министерот ќе одржи прес конференцијата во 11 часот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.