Американскиот Конгрес денеска ја потврди победата на Џо Бајден на изборите одржани во ноември, откако претходно ги потврди електорските гласови, јави Си-Ен-Ен.
После прекинот поради нередите што вчера ги предизвикаа приврзаниците на актуелниот претседател Доналд Трамп, членовите на Претседателскиот дом и Сенатот се вратија во Конгресот и продолжија со пребројување на гласови.
Бајден победи со резултат 306:232.






