Властите на Нов Зеланд одлучија од недела на полноќ да го запрат воздушниот сообраќај со Австралија, поради страв од ширење на нов бран на корона вирусот од Сиднеј.
Во четвртокот е блокиран воздушниот сообраќај со најмногунаселената австралиска држава Нов Јужен Велс, затоа што една брачна двојка била позитивна на ковид-19, а немала никаков контакт со ризична група, пренесува Ројтерс.
Веднаш после тоа, во Сиднеј се заострени антиепидемиските мерки и е покрената кампања за помасовно тестирање.
Меѓутоа, локалните здравствени ординации во саботата соопштија дека втор ден по ред нема нови случаи и така ја намалија загриженоста од ширење на вирусот во градот.
Министерот за Ковид-19 во владата на Нов Зеланд, Крис Хипкинс, најави дека воздушниот сообраќај со Нов Јужен Велс ќе биде повторно воспоставен откако здравствените официјални лица ќе потврдат дека ризикот од ширење на епидемијата е низок.
(Фото: АП)







