Коцијанчич: Избор на претседател на Собранието без одлагање

„Како што Европската унија повеќепати истакна, вклучително и Европскиот Парламент, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, моменталната неизвесност да заврши, а влада мора да биде формирана без натамошни одлагања, врз основа на тамошното парламентарно монозинство, изјави за Радио Слободна Европа портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич на прашањето како ЕК ја коментира новата ситуација во македонскиот парламент за избор на Комисијата за избори и именувања.

Коцијанчич додава дека, како што беше истакнато во изјавите од страна на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и Европскиот парламент, се охрабрува претседателот Ѓорге Иванов итно да ја преиспита својата позиција.

„Сега очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат демократските процеси да се одвиваат по својот тек, тоа вклучува избор на претседател на Собранието без натамошно одложување“, вели Кочијанчич.