Автобусот со кошаркарите на македонскиот прволигаш Карпош Соколи завеан е во снежната бура кај Дољевац.
Кошаркарите на Карпош тргнаа на пат за Белград на дуел од 17 коло од регионалната АБА лига, каде утре од 21 час треба да ги одмерат силите со екипата на Партизан.
На пат за главниот град на Србија тргнаа рано утринава, а во српската престолнина требало да бидат околу пладне.
Меѓутоа, успеале да стигнат само до Доњевац, каде што останаа завеани.
„Тргнавме во седум наутро, планиравме ручек во два, но снежното невреме и верижниот судар кај Дољевац направи да не „тргнат“ од рутата на автопатот на околниот, регионален пат. Имавме и закажан тренинг вечерва во салата Пионир, но еве веќе час-два сме заглавени во снегов“, изјави за српските медиуми тренерот на Карпош, Драган Николиќ.