Краток прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај Врбјани

На патниот правец Кичево – Охрид кај селото Врбјани денеска во периодот од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 до 15 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

На остаантите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.