Крај на ерата на Нетанјаху: Нов израелски премиер е Нафтали Бенет

Израелскиот парламент ја избра новата коалициска влада на таа земја, со што е завршено 12 години долгото владеење на досегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Поранешниот сојузник на Нетанјаху, десничарот Нафтали Бенет е избран за нов премиер,пренесе АП, додавајќи дека тој ќе биде на чело на разноликата и слаба коалиција која се состои од осум политички партии меѓу кои постојат длабоки идеолошки разлики.

Нетанјаху останува на чело на партијата Ликуд и ќе биде лидер на опозицијата.

Гасањето беше „тесно“, а таканаречената нова „влада на промени“ доби поддршка од 60 од вкупно 120-те пратеници во парламентот, додека 59 биле против, додава „Тајмс оф Израел“.