Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026

Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири

ноември 3, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
  • УНЕСКО: Расте стапката на неказнивост за убиства на новинари
  • Авион се урна во Флорида, загинаа сите девет лица
  • Бугарија го доби својот прв избран претседател: Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Кривична пријава против едно лице за учество во странска војска
Хроника

Кривична пријава против едно лице за учество во странска војска

февруари 27, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера поднесе кривична пријава против едно лице од Скопје за „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“.

Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК на МВР, вчера (26.02.) до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против лицето А.Б. (20) од Скопје, за сторени кривично дело „учество во странска војска, полиција паравоени или параполициски формации“ предвидено и казниво по член 322 а, став 3 вв став 9 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот, како што посочуваат од МВР, со намера да замине за Сирија за да учествува во странска војска „Џабхат ал Нусра“ (прогласена за терористичка организација од страна на ООН во 2013 година), преку интернет апликации за комуникација остварил контакти со две лица државјани на Северна Македонија, од кои едниот се наоѓал во Сирија, а другиот повратник од Сирија.

Од страна на овие лица, се наведува во соопштението, му била дадена гаранција (теские) за приклучување во наведената терористичка организација и договориле дека ќе го информираат за времето на тргнување и начинот на неговото пристигнување во Сирија.

„На 1 ноември 2019 година пријавениот со автобус ја напуштил територијата на Р. Северна Македонија преку граничниот премин
„Богородица“, додека на 02.11.2019 година остварил влез во Р. Турција,
од каде по создадени услови требало илегално да ја премине турскосириската граница и да биде прифатен од страна на две непознати лица. На 06.11.2019 година при обид илегално да ја премине турско-сириската граница, А.Б. бил уапсен од страна на турските безбедносни органи, лишен од слобода и сместен во Центар за отстранување во Хатај,
Р.Турција во близина на границата со Сирија, така што кривичното дело
останало во обид“, се вели во соопштението.

При неговото лишување од слобода, наведуваат од МВР, тој бил без документи за идентификација, лажно се претставил и кажал дека имал намера да патува во Алепо, Сирија.

Од МВР посочуваат дека по оставрена меѓународна полициска соработка и во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара утврден е неговиот идентитет, издаден е патен лист и А.Б е депортиран на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“, каде е преземен и приведен во ПС за ОН Кисела Вода.

Оттаму соопштуваат дека вчера по издадена наредба од Судија за претходна постапка извршен е претрес во домот на А.Б., при што се пронајдени и одземени девет мобилни телефони, една СИМ картичка, две УСБ-а и еден преносен компјутер.

актуелно кривична пријава странска војска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија

ноември 3, 2026

Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири

ноември 3, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.