Кристијан Линдер, германски министер за финансии: „Заедничко задолжување од ЕУ за обнова на Украина не доаѓа предвид“

LinkSense.mk

Не треба да има заедничко задолжување за финансирање на повоената обнова на Украина, изјави германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер, во Брисел на состанокот со колегите од Европската унија. Минатата недела, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги откри плановите за долгорочна реконструкција на Украина по моделот на Европскиот план за закрепнување по пандемијата „Ковид-19“.

Во 2020 година, 27-те членки на Унијата се согласија да земаат заеми со ниски камати преку заедничко задолжување за да го финансираат економското закрепнување на блокот по пандемијата.

Линднер го отфрли таквиот пристап на состанокот во Брисел на кој се разговараше за економските последици од руската инвазија на Украина.

За Германија морам јасно да кажам. Заем како следната генерација на ЕУ не доаѓа предвид“, рече Линднер по средбата.

Сепак, германскиот министер за финансии е отворен за разговори за задолжување за да се гарантираат заемите на Украина на индивидуална основа со земјите-членки на ЕУ.

Фон дер Лајен претстави краткорочен план за помош на Украина со пакет од 9 милијарди евра.

Треба да се разјаснат техничките детали за тој пакет, рече Линднер.

Германија е отворена за решение за одземање на руски имот за финансирање на обновата на Украина, но, се разбира, постои потреба да се разликува приватната од државната сопственост“, појасни германскиот министер.

Освен тоа, Европскиот совет го прифати предлогот за испраќање воена помош од 500 милиони евра за Украина.

Со тоа вкупната воена помош на ЕУ за Украина изнесува 2 милијарди евра.

Министрите за финансии прифатија и привремени трговски мерки за укинување на царините за увоз во ЕУ на одредени индустриски и земјоделски производи, како што се овошјето и зеленчукот, од Украина.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)