Кубанците не ги интересира туѓа вакцина – прават своја

Да има толку вакцини против Ковид-19 за да би можела не само да ги вакцинира сите свои жители на островот, туку и да им даде на своите пријатели и сојузници ширум светот – тоа е сонот на Куба, пишува НПР.

Вакцини би имало толку, што кубанските официјални лица дури бесплатно би им ги нуделе на туристите по доаѓањето на аеродромот во Хавана.

И тоа не се само празни желби.

Иако островската земја се соочува со разорна економска криза, а луѓето стојат во редови за основни намирници, научниците работат на добивање не на една, туку на неколку видови на вакцини против корона вирусот.

И барем еден од нив, веројатно, ќе успее.

Ако тоа се случи, Куба би била првата земја од Јужна Америка која направила своја вакцина – а тоа не е невозможно сценарио.

Оваа држава има богата историја за развој на вакцини, вклучувајќи ја вакцината против рак на белите дрогови која сега се тестира во Американскиот центар за карцином.

Оваа необична ситуација покажува колку е необична Куба – една од последните комунистички држави во светот.

Во поголемиот дел од 2020 година Куба успеа да го одржи бројот на заболени од Ковид на неверојатно ниско ниво, па така некои денови бил пријавуван по еден или два случаја.

Вирусот се рашири дури кога Куба повторно беше отворена за туристи во ноември минатата година. Сега и е потребна имунизација против корона, а како и многу други земји во светот, Куба се обидува да развие и произведе домашна вакцина.

На почетокот на март, Дагмар Гарсиа Ривера, директорка на Одделот за истражување на Институтот за вакцина „Финлаи“ во Хавана, рече дека еден од петте кубански кандидати за вакцина, „Соберана 2“, изгледа многу ефикасен и дека влегува во завршна фаза на клиничко испитување.

Ова е прва кубанска и јужноамериканска вакцина која помина три испитувања“, гордо изјави Гарсиа на конференција за новинари.

Клиничкото испитување во третата фаза вклучува 44.000 луѓе и претставува завршен тест на вакцината пред да биде таа испратена на одобрување во Националната регулаторна агенција на Куба, во Центарот за државна контрола на лекови, опрема и медицински средства.

Уште еден кубански кандидат по име „Абдала“ влезе во третата фазата од студијата.

Имињата на кандидатите за вакцина многу зборува за тоа што значи овој напор за Куба. „Соберана“ е шпански израз кој значи „суверен“. „Абдала“, од друга страна, е прекар на главен јунак, епски херој од кубанската револуција, Хосе Марти.

Мамбиса“, вакцината која се користи како спреј за нос, го доби името по антиколонијалните кубански герилци кои се бореле против Шпанија кон крајот на 1800-тите.

Во тој ист револуционерен дух, Куба не се ни обидува да купи вакцини против Ковид-10 од мултинационалните фармацевтски компании. Ниту, пак, се потрудија да се пријават на иницијативата за поделба на дози преку „Ковакс“ системот, која ја предводи Светската здравствена организација, а која пружѓа бесплатни или ефтини вакцини на земјите со ниски ресурси. Нема јасно објаснување за оваа одлука, иако може да се претпостави ако се види доверната во развојот на сопствените вакцини.

Развој на нова вакцина обично трае една деценија или повеќе, но Едуардо Ојито, шеф на кубанскиот Центар за молекуларна имунологија, вели дека земјата во скора иднина би требало да има доволно дози „Соберана 2“ за да ги вакционира сите свои жители до крајот на летото. Ова е под претпоставка дека кандидатот за вакцина ќе ја помине третата фаза и ќе добие регулаторно одобрување.

(Извор: нет.хр)