Курц за климатските промени: Не мораме да се враќаме во Камено време

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е уверен дека нема потреба за враќање во „Каменото време“ за да се бориме против климатските промени.

Курц за дневникот „Форалбергер Нахрихтен“ оцени дека е можно да се води борба против климатските промени без откажувања, на пример, и во индивидуалниот сообраќај.

Според неговите зборови би било погрешно да се верува дека климата може да се спаси со одрекување од нешто.

Единствен исправен пристап е полагањето на иновациите и технологијата“, укажа Курц.

Тој подвлече дека не е на ставот дека општеството мора да се враќа назад, во Камено време, ниту е приврзаника на политиката на кренат показалец, но ниту на фантазиите дека може да се живее како во минатиот век.

(Фото: АП)