Курц побара ЕУ да ги прекине преговорите со Турција

Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц повика на запирање на преговорите за членство на Турција во Европската унија.

„По референдумот во Турција не можеме само да се вратиме на прашањата. Неопходно е да пројавиме чесност што се однесува до односите Турција-ЕУ“ напиша денеска  Курц на својот Твитер профил.

Курц повика за запирање на преговорите за членство на Турција во Унијата и наместо тоа да биде склучен договор за добрососедство.

Канцеларот Кристијан Керн изјави дека по вчерашниот референдум „перспективите за членство на Турција во пракса се веќе погребани“.

„Влегуваме во нова ера“, нагласи Керн.