„Кученце на Путин“, „кловн“, „лажго“ – во САД се одржа првата Трамп-Бајден дебата

– Синоќа во Кливленд, Охајо, се одржа првата дебата меѓи кандидатите за претседател на САД од Републиканската и Демократската партија, Доналд Трамп и Џо Бајден.

Полемиката на политичарите беше премногу жестока и емоционална, јави дописникот на МИА.

И покрај правилата на претседателските дебати, поставени од специјална комисија, актуелниот претседател Доналд Трамп се уфрлаше буквално на секој одговор на неговиот опонент. Во тоа не помогнаа ниту забелешките на модераторот Крис Волас.

Тактиката на Трамп, во целина, се чинеше успешна, посебно во првиот дел од дебатата. Бајден беше видливо дефокусиран, ја губеше мислата, понекогаш користеше погрешни зборови и беше принуден да се исправа.

Но, потоа, и тој започна да го прекинува опонентот.

Кандидатите, исто така, разменија навреди еден кон друг притоа, во таа битка се чинеше победник е Бајден. Реагирајќи на интервенциите на Трамп во дискусијата, актуелниот претседател тој го нарече „кловн“, и се обиде да го спречи со такви фрази како „човек, а да заќутиш“?! (Why do not you shut up, man?!).

Двајцата кандидати постојано се обвинуваа за лаги. Исто така, Трамп се осврна и на изјавите на крајно левите членови на партијата на Бајден, па поради тоа овој требаше да се оправдува.

Дискусијата траеше час и половина и темата надворешна политика не беше допрена, на таа тема планирано е поопширно да се говори на следната дебата, во октомври.

Меѓутоа, кандидатите сепак изнесоа еден кон друг кратки обвиненија на оваа тема.

Интересно беше кога Бајден го нарече Трамп „кученцето на Путин“ (Putin’s puppy).

Трамп пак го наклевети семејството на Бајден за злоупотреби на кога тој беше потпретседател на САД, и за неговиот син Хантер Бајден кој „започнал да заработува милиони во Украина и во Кина‘, покрај тоа што „дотогаш, никаде не работел“. Како резултат, обајцата повеќепати меѓусебните обвинувања ги карактеризираа како „чиста лага“.