Лажна е веста дека бугарскиот премиер Бојко Борисов договорил 120 милиони евра во Давос за изградба на автопат Скопје-Софија, пишуваат бугарските медиуми, кои признаваат дека се повеле по информација објавена на сајтот xaknews.blogspot.bg, кој објавува лажни вести.
Оваа вест беше преземена и од македонските медиуми.
„Во врска со текстот, ве информираме дека премиерот не дал изјави за ниеден медиум при учеството на Светскиот економски форум во Давос, освен за БНТ.
За сите негови средби и разговори доставена е информација од прес службата“, е наведено во соопштението од кабинетот на бугарската влада.







