Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ

јули 16, 2026

АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни

јули 16, 2026

Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

јули 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • „Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ
  • АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни
  • Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ
  • Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда
  • Најмалку 11 загинати во пожар во дом за деца без родители во предградие на Алжир
  • Експертски панел на ЕУ препорача ограничување на социјалните мрежи за деца под 13 години
  • Топло време во Македонија, за викендот уште потопло
  • Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда
Македонија

Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда

јули 16, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на Левица

Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства.

Во текот на целиот процес, Левица беше единствената партија што доследно инсистираше на суштинските изборни реформи – една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Наместо да се разговара за темите од лидерската средба и поради кои беше формирана Работната група, теми кои претставуваат вистинска демократизација на изборниот процес, ДПМНЕ во самиот финиш ја отвори темата за гласањето на дијаспората и ја прогласи за своја единствена црвена линија. Прашање што воопшто не беше предмет на четиримесечната работа на Работната група.

Особено лицемерно е што токму една изборна единица беше едно од клучните ветувања на ДПМНЕ. За неа говореше и самиот Мицкоски, а е запишана и во програмата на партијата. Наместо да ја реализираат реформата што им ја ветуваа на сопствените гласачи, ДПМНЕ ја оттурна на страна и ја замени со тема што никогаш не беше предмет на разговорите во Работната група.

За да не дозволи суштинските реформи повторно да пропаднат поради политички условувања, Левица понуди компромис. Прифативме гласањето по пошта да се примени за претседателските избори, доколку ДПМНЕ прифати една изборна единица. Со тоа падна во вода единствениот изговор дека токму дијаспората е пречката за нов Изборен законик.

Откако ДПМНЕ ја префрли одговорноста врз опозицијата, Левица ја презеде иницијативата и ги повика сите опозициски политички субјекти на координативна средба за усогласување на ставовите околу една изборна единица. СДСМ одби да присуствува, без притоа да каже дали воопшто сè уште стои зад СОПСТВЕНИТЕ долгогодишни заложби за една изборна единица.

Затоа – нема нов Изборен законик. Нема една изборна единица. Нема укинување на платеното политичко рекламирање. Останува истиот изборен модел што со децении создава изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и финансиска предност за најголемите политички партии.

Додека јавноста слуша за изгубени европски средства, никој од ДПМНЕ и СДСМ не зборува дека со останувањето на стариот Изборен законик повторно ќе остане во сила системот преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Левица уште во Работната група предложи укинување на платеното политичко рекламирање, затоа што не прифаќаме државата со јавни пари да создава привилегирани и непривилегирани политички партии. Нашиот став беше јасен – ако нема еднакви услови за сите политички субјекти, тогаш не треба да има платено политичко рекламирање за никого. Или еднакви правила за сите, или јавни пари за никого.

Ако со пропаѓањето на новиот Изборен законик повторно остануваат шесте изборни единици што ги фаворизираат најголемите партии и системот преку кој истите тие партии ќе поделат околу 10 милиони евра за платено политичко рекламирање, тогаш кому навистина му одговараше да нема изборна реформа?

Истекот на рокот не ја ослободува власта од одговорност. Нов Изборен законик може да се донесе и утре, доколку постои политичка волја. Левица ќе продолжи да ја бара таа реформа сѐ додека изборните правила не престанат да бидат пишувани според интересите на политичките картели.

актуелно Дпмне Левица сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

„Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ

јули 16, 2026

АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни

јули 16, 2026

Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ

јули 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.