Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот – парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта
Македонија

Левица поднесе 47 амандмани кон ребалансот – парите да се насочат кај граѓаните, а не кај партиските интереси на власта

јули 6, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката група на Левица поднесе 47 амандмани кон Ребалансот на Буџетот за 2026 година, со кои бараме суштинска прераспределба на јавните средства кон области што директно го засегаат животот на граѓаните – безбедност, инфраструктура, животна средина, земјоделие, домување, социјална заштита, образование, култура, спорт и институционална отчетност.

Ребалансот што го предлага ДПМНЕ е финансиски неодговорен и политички разголен документ. Наместо да ги коригира слабостите, тој ги продлабочува. Дефицитот се зголемува, задолжувањето станува уште поголемо, а капиталните расходи привидно се прошируваат и покрај катастрофално слабата реализација на веќе планираните проекти.

Амандманите на Левица се консолидиран пакет со јасна логика за парите да се пренасочат од непродуктивни и недоволно оправдани расходи кон конкретни јавни потреби.

Во насока на контрола, отчетност и рационално користење на јавните ресурси, Левица бара воведување GPS-систем за службените возила, како мерка што треба да стави крај на неодговорниот, расипнички однос кон државниот имот.

Во групата за безбедност, Левица предлага средства за противпожарна заштита, реконструкција и опремување на објекти во МВР, инфраструктура во Министерството за одбрана и АРМ, како и за центар за планинска безбедност, маркирање и спасување.

Третата група се однесува на стратешката инфраструктура и енергетска стабилност. Амандманите за гасификација на ТЕЦ Неготино, Чебрен и хидросистемот Калиманци се насочени кон проекти што имаат долгорочно значење за државата. Во услови на енергетска несигурност и зависност од увозни и приватни интереси, државата мора да инвестира во капацитети што остануваат во јавна полза.

Четвртата група се однесува на животна средина, санација на еколошки ризици и заштита на природните ресурси. Левица предлага средства за санација на депониите во Кочани, Кратово и Штип, санација на хидројаловиштата во Пробиштип, Македонска Каменица и Кратово, за центар за рециклирање во Дрисла, заштита од шумска сеча во Осоговските и Малешевските Планини, за санација на штети од шумски пожари, фонд за национални паркови и валоризација на природните вредности на Огражден и Кожуф. Овие амандмани се одговор на моделот во кој животната средина се спомнува декларативно, а конкретните жаришта се оставаат да произведуваат здравствени, просторни и економски штети.

Петтата група се однесува на инфраструктурата. Левица бара средства за канализациски системи и пречистителни станици, за велосипедска инфраструктура и за изградба на државни станови. Овие предлози ја отвораат суштинската разлика меѓу буџет за фасадна политика и буџет за живот.

Шестата група е насочена кон младите. Левица предлага фондови за млади лица и млади семејства во Штип, Велес и Кочани. Државата не може истовремено да жали за иселувањето и да нема буџетска политика што им создава услови на младите да останат. Прашањето на младите не се решава со кампањски пораки, туку со конкретни мерки за домување, поддршка и предвидлива животна перспектива.

Седмата група се однесува на земјоделието и безбедноста на храната. Левица бара откупни центри во Кочанско, Светиниколско, Велешко и Струмица, финансиска поддршка за земјоделците и зајакнување на капацитетите на Агенцијата за храна и ветеринарство. Ова е неопходно затоа што земјоделецот со години е оставен меѓу нестабилен откуп, доцни исплати, увозен притисок и институции што реагираат задоцнето или воопшто не реагираат. Без организиран, соодветен и навремен откуп, како и функционален надзор, нема ниту стабилно домашно производство, сигурна храна, ниту пак сериозна аграрна политика.

Осмата група се однесува на социјалната заштита, заштита на жените жртви на семејно насилство и јавното здравје. Амандманите на Левица се за: национална СОС-линија за жртви на семејно насилство, центри за жртви на сексуално насилство, шелтер-центри и програмата за заштита од ХИВ.

Деветтата група го опфаќа образованието, науката, спорттот, културата и јавниот медиумски сервис. Левица предлага средства за унапредување на научноистражувачките и високообразовните капацитети, спортски објекти, финансиска поддршка за најдобрите спортисти, поддршка за планинарството и алпинизмот, средства за МРТ, за Управата за заштита на културното наследство и за националните установи – центри за култура.

За крај, Левица предлага и отворање Конзулат во Корча и поддршка на македонските заедници во соседните држави преку Агенцијата за иселеништво.

Ја повикуваме ДПМНЕ конечно да излезе од погубниот теснопартиски рефлекс и да покаже дека власта не ја разбира како плен. Ребалансот и Буџетот не се документи за инает, пресметки и демонстрација на мнозинска ароганција, тие меѓудругото претставуваат проверка дали власта има зрелост да прифати разумен предлог кога не доаѓа од нејзините редови, а доаѓа од потребите и барањата на граѓаните.

актуелно амандмани граѓани Левица пари ребаланс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.