Летачкиот автомобил е реалност

„Летачките автомобили“ наскоро би можеле да станат секојдневна појава, откако германска компанија изведе неколку успешни пробни летови на футуристичкиот „лилиум џет“, пренесува „Гардијан“.

Станува збор за прототип на електрично летало со две седишта, кое може да помине дистанци од 300 километри и кое достигнува брзина од 298 километри на час.