Либија: Синот на Гадафи ослободен од затвор

Либиските власти го ослободија Сади Гадафи, синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи кој беше тргнат од престолот и убиен во текот на востанието во 2011 година, изјави денеска за Ројтерс официјален либиски извор од владата на националното единство.

Сади Гадафи во текот на немирите побегна во Нигер, но во 2014 година беше испорашан на Либија и од тогаш беше во затвор во Триполи.

Тој веднаш со авион е префрлен во Истанбул“ истакнал владиниот претставник.

Неговото ослободување е резултат на преговори кои вклучуваа високи племенски личности и премиерот Абдулхамид Дбеибех и поранешниот министер за внатрешни работи, Фати Башага.