Ливерпул има намера да потроши средства од продажбата на Вајналдум за трансфер на Тиjаго

Фудбалерот од средниот ред на Ливерпул, Џорџињо Вајналдум може да се пресели во Барселона, објави „Мундо Депортиво“.

Според изворот, во блиска иднина клубовите треба да се договорат за трансферот на 29-годишниот Холанѓанец. Се очекува приходите од продажбата на играчот, Ливерпул да ги потроши за купување на фудбалерот за врска на Баерн, Тијаго.

Претходно беше објавено дека Вајналдум е приоритетен трансфер на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман.

Минатата сезона, Холанѓанецот одигра 47 натпревари на сите турнири, на кои постигна 6 погодоци.