Лидерите на ЕУ се сложни: Да се засили производството на вакцини

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека лидерите на Европската унија се сложија да го засилат производството на вакцини против Ковид-19 во Европа и да ја подобрат имунизацијата во државите членки.

Апсолутно е неопходно да продолжиме да работиме заедно со Европската комисија на подобрување на производството на вакцини во Европа и на нашата способност да ги дистрибуираме во државите членки“, рече Мишел на конференцијата за новинари после состанокот на Европскиот совет, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека челниците на 27-те држави членки на Европската унија го почнаа денеска дводневниот виртуелен состанок, на кој доминантна тема ќе биде борбата против Кови-19 и настојувањето да се забрза вакцинацијата, затоа што Унијата во кампањата за имунизација заостанува зад Велика Британија и САД.