Лидија Димчевска избрана за претседател на скопска Апелација

LinkSense.mk

Досегашната вршителка на должност претседател на Апелациониот суд во Скопје, судијката Лидија Димчевска, од вчера и формално е новиот претседател на овој скопски суд.

Димчевска цели седум месеци го водеше судот како в.д претседател, но таа денска го доби потребното двотретинско мнозинство и беше избрана за претседател.

За местото претседател на скопска Апелација како претенденти и аспиранти се јавија и судиите Огнен Ставрев и Добрила Кацарска, двајцата од скопскиот кривичен суд, но и судиите Ѓоко Радојков и Јованка Никодиновска.

За судија во скопска Апелација е избрана судијката Лирије Елези Ајрулаху.

Поранешниот член на Државната изборна комисија, Субхи Јакупи, е новиот судија во Вишиот управен суд, а за судии во Управниот суд се избрани Елизабета Васкова, поранешен генерален секретар на Судскиот совет и Имсале Асани, стучна соработничка од тетовскиот суд, како и Илир Исени, од судот во Дебар.

 

Љубиша Станковиќ

Правосудство.МК