Локални избори 2021: Ангажирани 400 ИТ експерти

LinkSense.mk

Уредите за идентификација на гласачите се најголемата новост на овие локални избори. Со нив на избирачкото место управува претседателот на избирачкиот совет или заменик-претседателот.

Во случај податоците од документот за идентификација и податоците од отпечатоците од прсти да не се совпаѓаат, лицето не може да гласа. Избирачот кој ќе ги помине двата филтри за идентификација оди на третиот чекор, а тоа е да се најде на избирачкиот список.

Од Државната изборна комисија велат дека шансите за злоупотреба на биометрискиот уред за идентификација на гласачите се „нула“.

Обезбедени се вкупно 4.000 уреди за 3.480 избирачки места низ целата земја.

Во сите општински комисии во земјава има и персонал за ИТ кои имаат должност да обезбедат непречено функционирање на уредот за отпечатоци од прсти и избегнување на можни дефекти.

Во случај апаратот да престане да функционира и не може да се поправи, а не може да се обезбеди негова замена, Државната комисија одлучува да продолжи да се гласа со стариот начин, УВ ламба и спреј.

За време на годинешниве локални избори ангажирани се 400 ИТ инженери и експерти. ИТ експертите се од земјава, но и од германскиот производител на опрема Дермалог.