Локални избори 2021 година: До 13 часот излезноста е 24,87 отсто

LinkSense.mk

Во вториот круг за избор на градоначалници до 13 часот одѕивот е 24,78 отсто. Гласале вкупно 269.674 гласачи. Најголем е одѕивот во Вевчани каде до 13 часот на гласање излегле 52,46 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Алесандар Даштевски соопшти дека и во овој пресек одѕивот е поголем во однос на првиот круг од изборите.

За споредба, во првиот круг на овие избори до 13 часот гласале 237.476 гласачи, односно 20,76 отсто.

Различно во овој круг е и тоа што нема редици луѓе што чекаат да гласаат.

„Овој круг се разликува од првиот. Нема пријавено редици луѓе. Се потврди она што го тврдев дека метежот се прави поради гласачките ливчиња. Сега во Скопје има само по две ливчиња, а во останатите општини по едно“, рече Даштевски.

Изборниов ден Даштевски како мирен и изрази надеж дека така ќе остане до крајот. Мал метеж рече дека се очекува пред затворањето на гласачките места во 19 часот од оние кои во пет минути до деветнаесет часот доаѓаат да гласаат.

 

 

 

(Фото: МИА)