Локални избори 2021: До 11 часот гласале 9,82 отсто

LinkSense.mk

Излезеноста до 11 часот е 9,82 отсто од вкупно обработени 36,31 проценти од податоците, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Највисока излезност се бележи во Ранковце, каде своето право на глас го оствариле 26,95 отсто од граѓаните. Висока излезност има и во Градско со 22,49, Могила со 20,25 и Новаци со 21,58 проценти.