Локдаунот ги испразни улиците на Виена

LinkSense.mk

Четвртиот локдаун од почетокот на пандемијата, кој од денес е на сила во Австрија, ги испразни улиците на Виена.

На улиците има мала фрекфенција на возила, но е забележано и помалку луѓе, како во времето на најголемите училишни распусти.

Овој период, се чини, се користи за спроведување на потребните работи во деловите од градот во кои инаку има голема фрекфенција на луѓе.

Во центарот на Виена, во пешачката зона Кернтерштрасе, може да се види овде-онде по некој минувач и по некој турист, кого го изненадил локдаунот.

Продавниците, освен оние прехранбените, аптеките, дрогериите, мобилната телефонија, поштите, не работат. На влезовите во продавниците поставена е порака за купувачите дека тие се затворени заради епидемиолошки мерки, дека се радуваат на скоро видување во подобро здравје, и дека во најголем број случаи, се преминало на онлајн продажба.

Со воведувањето на целодневното заклучување граѓаните можат да го напуштат својот дом само заради одење во набавка на намирници и хигиенски артикли, на работа, кај лекар, заради пружање на помош на други, но и заради проѓетка и трчање, меѓутоа, без други лица кои не се од исто домаќинство.

Прехранбените продавници се добро снабдени, денеска не се полни со купувачи и, се чини, дека Австријците после три локдауни веќе стекнаа некаква навика, па не прават дома резерви од храна.

На помал ред може да се аиде единствео пред аптеките, но тоа се главно редови за тестирање, за да можат граѓаните да добијат потврда потребна за одење на работа, затоа што на работното место, ако не се раоти од дома, важи „3Г“ правилото.

На своето работно место можат само вакцинираните, излечените од ковид или негативно тестираните.

 

 

 

 

(Фото: Танјуг)