Локални избори 2021: Дежурни обвинители ќе го следат гласањето

LinkSense.mk

Јавно обвинителство утре ќе ги следи случувањата поврзани со изборниот процес. Во Обвинителството времено е формирана Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со спроведувањето на локалните избори.

„Ја известуваме јавноста дека и во текот на изборниот ден, во вториот круг од локалните избори, на 31 октомври 2021 година, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства во јавните обвинителства. Во процес на меѓусебно координирано известување, Комисијата ќе го следи процесот на гласање во сите општини каде има втор круг од изборите. Итно и со приоритет обвинителствата ќе продолжат да постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, во насока на проверка на наводите и донесување на одлуки за натамошно постапување“, информираат од Обвинителство.

Во функција е отворената електронска адреса izbori@jorm.mk, каде што секој кој смета дека при гласањето е сторено кривично дело може да достави пријава до Комисијата за следење на изборни нерегуларности.