Лукашенко: Руската армија ќе ја штити Белорусија од војна

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека е подготвен да распореди руска армија на територијата на неговата земја во случај да се појави опасност од нова светска војна, како одговори на загриженоста на западните земји за евентуално распоредување на руска воена база во Белорусија.

„Зошто воопшто вие сте загрижени дали руска воена база ќе биде распоредена во Белорусија? Таа тука не е потребна, што потврдивме претседателот на Русија и јас. Тоа што вие создавате бази и се заканувате со нуклеарно оружје … Прво сами размислете. А тука, доколку е потребно, не само што ќе биде распоредена воена база, туку целата руска армија. Под кои услови? Во случај на нова светска војна“, истакна Лукашенко.

Тој додаде дека Русија во моментов нема причина да троши пари за да направи воени бази на територијата на Белорусија.

„Јас лично би бил заинтересиран тука да бидат распоредени сериозни ракетни системи, меѓутоа, вие не можете само така да ги носите во соседството на НАТО, бидејќи тогаш тие би биле на дофат на Алијансата. Не треба да се носат ниту ракети тука, особено нуклеарни, бидејќи во тој случај, тие би биле во опсегот на обичното оружје на Алијансата, и тоа од Полска и Литванија“, објасни шефот на белоруската држава.