Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Бројката на заболени од западно-нилска треска се искачи на 58

септември 10, 2026

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски

септември 10, 2026

Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра

септември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Бројката на заболени од западно-нилска треска се искачи на 58
  • МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски
  • Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра
  • Данска од 1 јануари 2027 година ќе вработува граѓани од 16 земји што не се членки на ЕУ
  • САД го имаа најтоплото лето во својата историја
  • Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
  • Времето денеска сончево и топло, попладне локално невреме со пороен дожд и град
  • ЕУ предупредува на нова закана 25 години по 11 септември
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски
СВЕТ

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот за безбедност на ОН за кршење на неговите обврски

септември 10, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кој го сочинуваат 35 земји, пред два дена усвои резолуција со која Иран, за првпат во последните 20 години, е пријавен во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за кршење на своите обврски во областа на неширење на нуклеарното оружје, соопштија дипломати.

Британските медиуми пренесуваат дека резолуцијата е продолжение на претходната резолуција усвоена на 12 јуни минатата година, со која беше утврдено дека Иран „не ги исполнил“ своите обврски во оваа област.

Пријавувањето на Иран до Советот за безбедност за тоа кршење бараше нова резолуција.

Иако не се очекува Советот за безбедност да преземе конкретни мерки против Иран, со оглед на тоа што неговите сојузници Русија и Кина се постојани членки на Советот со право на вето, овој потег претставува ескалација на дипломатскиот конфликт меѓу Иран и западните сили, соопшти агенцијата.

Иран во понеделникот предупреди дека ќе возврати доколку резолуцијата биде усвоена.

Текстот на резолуцијата, кој го предложија САД, Велика Британија, Франција и Германија, беше усвоен со 23 гласа „за“, три „против“ и осум воздржани, објавија дипломатите по затворениот состанок на МААЕ.

Русија, Кина и Нигер гласаа против, рекоа тие.

„Одборот бара од генералниот директор (МААЕ) да ја достави оваа резолуција и претходно усвоените резолуции… до сите членки на Агенцијата, како и до Советот за безбедност и Генералното собрание на Обединетите нации, во согласност со релевантните одредби од Статутот на МААЕ“, се наведува во текстот на резолуцијата.

Иако наодот за непочитување датира од пред војната меѓу САД и Иран и се однесува на неуспехот на Иран да објасни траги од ураниум пронајдени на непријавени локации, кои Агенцијата ги истражува со години, сега постои нов спор околу пристапот на МААЕ до локациите бомбардирани од Израел и САД, соопшти агенцијата.

актуелно безбедност Иран кршење маее обврски ОН пријава Совет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бројката на заболени од западно-нилска треска се искачи на 58

септември 10, 2026

Во ВИ Финска „Гугл“ ќе вложи најмалку 13 милијарди евра

септември 10, 2026

Данска од 1 јануари 2027 година ќе вработува граѓани од 16 земји што не се членки на ЕУ

септември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.