Мадуро промовираше лек против корона, „Фејсбук“ веднаш го блокираше

Фејсбук ја блокираше страницата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, заради кршење на правилата, со промовирањето на лекот за кој во видеото тврди, без докази, дека може да го излечи коронавирусот.

Мадуро во јануари годинава го опиша „Царвативир“, орална течност добиена од мајчина душица, како „чудотворен лек кој го неутрализира коронавирусот без какви било нуспојави.

Ги следиме насоките од Светската задравствена организација која вели дека моментно нема лекови за лечење на вирусот“, информираат од Фејсбук, и додаваат дека го блокираат профилот на 30 дена.

Венецуелскиот претседател во овој период ќе може да чита, но не и да споделува информации на социјалната мрежа.

Мадуро во видеото вели дека „Царвативир“, кој го нарекува „чудотворни капки“ на венецуелскиот лекар од 19 век, Хосе Грегориј Хернандез, може превентивно и терапијски да се користи против Ковид-19.

Неговиот профил на Инстаграм, којшто е во сопственост на Фејсбук, со одлука нема да биде погоден.

Тој во февруари рече дека „Фејсбук“ ги „цензурира“ видеозаписите во кои го промовирал лекот. Исто така, зборуваше и тоа дека социјалните мрежи кон него и неговите сојузници неправедно се однесуваат.

(Фото: ЕПА)