Македонската фудбалска репрезентација оствари победа против Израел (0-1) на гости во седмото коло од квалификациите за пласман на СП во Русија.
Стрелец на единстивениот гол на натпреварот беше Горан Пандев.
Иако Израел ја имаше иницијативата, нашата репрезентација можеше да дојде до предност веќе во 15 минута кога Кире Ристевски успеа да ја затресе мрежата на домаќините, но главниот судија на натпреварот го понишити голот на асистенција на неговиот помошник, поради постоење на офсајд позиција.
До крајот на полувремето и двете репрезентации создаваа по некоја шанса, но погодоци немаше, па на полувреме се замина со почетиниот резултат.
Клучниот момент на натпреварот селекторот Игор Ангеловски го направи кога во 63 минута од средбата во игра во внесе новото засилување на Фенербахче, Елиф Елмас кој го замени Николов.
Токму Елмас, во 73 маестрално го проигра Горан Пандев кој од околу петнаесетина метри од свртување го матира голманот на домаќините. Овој гол на Пандев се покажа и како одлучувачки.
Македонија ја оствари првата победа против Израел во петтиот меѓусебен натпревар.
„Пресреќен сум со победата, ова е голем мотив за мене за понатаму. Асистирав на Пандев, тоа ќе ми остане секогаш во спомен, но верувам дека сега во иднина ќе следат нашите успеси! Нема да застанеме тука, затоа што Македонија има квалитет за многу повеќе“…
Елиф Елмаз
„Одигравме навистина тактички одличен фудбал. Среќен сум што конечно погодив на квалификациски дуел, но верувајте победата како ништо друго не ме радува. Ова секако може да биде пресвртница од аспект на промена на нашиот менталитет… За да веруваме повеќе во себе!“…
Горан Пандев
„Можеби мечот беше за реми, но тоа не е сега некакво оправдување за лошото наше издание. Македонија беше подобра, нема што, за тој еден гол. Одиграа мудро, знаевме дека е тежок противник и тоа се потврди. Оваа Македонија не е истата со онаа од Скопје …Мора да го истакнам Елиф Елмас кој ја направи разликата!“…
Елиша Леви, селектор на Израел
„Им честитам на моите фудбалери со кои ми е задоволство да работам. Ова е награда за нив за тоа што го одработија во овие квалификации, го заслужија тоа…. Сега треба да се фокусираме за тоа што следи со оваа генерација, затоа што нашиот пат сега почнува!“…
Игор Ангеловски, селектор на Македонија














