Македонија е на чекор до Европското првенство, по победата над Косово

Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер го победи Косово со 2:1 и е на еден чекор до пласман на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски заслужено стигнаа до триумфот. Македонија поведе со автоголот на Кололи во 16-та минута, а гостите израмнија тринаесет минути подоцна по недоразбирањето на Велковски и голманот Димитриевски.
Сепак, токму Велковски ни ја врати предноста во 33. минута, а тој резултат остана и до крајот, па Македонија се избори за место во финалето на својата група во Лигата на нации.
Противник ќе ни биде селекцијата на Грузија.